Апликација за судоку или судоку за печатење

Ако никогаш не сте играле судоку или сте решавале само судоку на хартија, можеби се прашувате дали ќе се снајдете со апликацијата. Онлајн судокуто се разликува од традиционалната верзија и треба малку време да се навикнете на новиот формат. Но, интерактивните функции, дневните предизвици и советите ја прават играта позабавна и повозбудлива.
Денес ќе ги споредиме лесното ниво во апликацијата за судоку и лесното судоку за печатење, за да ви помогнеме да ги разберете главните разлики.
Но, најпрво… Правила на судокуто
Еве кратко потсетување како се решаваат бесплатни лесни судоку-загатки:
- Пополнете ги полињата со броеви од 1 до 9 во мрежа 9x9 или со броеви од 1 до 4 во мрежа 4x4.
- Во мрежата 9x9 има девет помали квадрати од по 3x3 полиња. Во секој ред, колона и мал квадрат, секој број може да се појави само еднаш.
- Во лесното судоку, ист број не смее да се повтори во ист ред, колона или мал квадрат.
Лесното судоку станува потешко кога во полињата веќе се внесени некои броеви.
Лесно судоку во апликацијата или за печатење
Многу луѓе што сè уште не пробале да играат судоку во апликација се прашуваат дали бесплатното лесно онлајн судоку е подобро од лесното судоку на хартија, како она во „Њујорк тајмс“. За полесно да ги разберете разликите и да одлучите која верзија ви одговара, ги издвоивме главните предности на секоја од нив.
- Лесното судоку со решенија за печатење е потрадиционална верзија на играта, на која многумина веќе се навикнати.
- Лесното веб-судоку е бесплатно и може да се игра на кој било уред, но ќе треба да се навикнете на новиот формат.
- Не мора да трошите пари за да пробате бесплатно лесно веб-судоку, дури и ако не сте сигурни дали ќе ви се допадне. На располагање има стотици бесплатни мрежи. За судоку на хартија, пак, треба да купите специјално списание.
- До лесното судоку во апликацијата се пристапува лесно и не мора да носите ништо со себе. Апликацијата ви е секогаш при рака кога сакате да си го скратите времето додека чекате во ред или патувате.
- Апликацијата за судоку нуди дневни предизвици, совети, можност за враќање на претходниот потег и многу други интерактивни функции што ги нема во печатената верзија.
Заклучок — онлајн судоку или судоку за печатење?
Апликацијата за судоку е одличен избор: ги задржува сите предности на печатената верзија и нуди дополнителни можности. А ако ви се допаѓа лесното ниво, но ви е премногу лесно, можете бесплатно да преминете на средно судоку — без да фрлите списание со судоку-загатки.
Слични статии
Онлајн или офлајн судоку: предности и недостатоци на апликацијата и хартијата
Кога ќе ги откриете сите придобивки од секојдневното решавање судоку, природно е да побарате удобен начин да уживате во играта. Благодарение на современата технологија и интернетот, оваа загатка веќе не е само игра од весник, каква што може да се најде во „Вашингтон пост“ или „Ју-Ес-Еј тудеј“.
Можат ли луѓето со хуманистички склоности бесплатно да играат судоку онлајн?
Иако луѓе од различни професии денес играат судоку бесплатно онлајн, сè уште постои стереотип дека овие загатки не се за секого. Но, дали е навистина така? Можат ли луѓето со хуманистички склоности да решаваат судоку? Прочитајте и дознајте ги одговорите.
Зошто вашето дете треба да игра судоку онлајн
Раното детство е многу важно за развојот на умот и личноста. Онлајн загатките за деца можат да развијат низа важни вештини што ќе им помогнат да успеат подоцна во животот.

Килер судоку
Собери ги кафезите · Совладај ја загатката



